Охридскит клуб за бразилско џиу џицу „Roots BJJ Ohrid“ утре (сабота) со почеток во 11 часот во спортската сала „Билјанини Извори“ организира интернационален турнир.
Учество на првиот турнир од ваков карактер во Охрид ќе земат најдобрите клубови од Балканот, а ќе се натпреваруваат во разни категории.
Од клубот ги повикуваат сите љубители на боречките вештини во Охрид да дојдат и да ги бодрат охридските и македонските борци.
OhridNews