Меѓународен туристички саем ќе се одржи во Охрид од 17-20 јануари 2008 година. На саемот учество ќе земат стотина претставници на национални туристички асоцијации, туроператори и туристички агенции од регионот, како и од Русија, Германија и Холандија.

Во рамки на саемот ќе се одржи бизнис туристички форум чија цел ќе биде да се дефинира регионален туристички производ кој потоа ќе се нуди на светските пазари, ни изјави Зоран Стрезоски, регионален претставник на Скопски саем.


Охрид ќе биде домаќин на Меѓународен туристички саем- З. Стрезоски

„Туристичкиот саем ќе се одржи за време на големиот верски празник Водици со што оваа манифестација ќе добие интернационален карактер и какао туристичка атракција ќе добие можност да се презентира и понуди пред странските туроператори. Со тоа како што истакна Стрезоски,  Охрид ќе биде интересен за гостите и во зимскиот период.

Организатори на саемот се Скопски саем и ХОТАМ, а идејата добила подршка од државата и локалната самоуправа. По прекинувањето на туристичката берза пред неколку години, која се одржуваше во Скопје, за прв пат во Охрид ќе се одржи Меѓународниот туристички саем , а идејата е оваа манифестација да стане традиционална.

Г. Момироски