Околу 30 ученици од од Турција и Македонија на возраст од 12 до 16 години се дел од Меѓународен театарски камп кој на иницијатива на PASCH-училишта деновиве се одржува во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид.
Учесниците на кампот се победници на натпреварот по глума, кој се одржал во Турција и на БУФ Фестивалот во Скопје. Театарскиот камп го водат Ивана Маховска од Охрид и Штефан Рајшл од Анкара.
Во рамки на десетдневниот камп, со помош на наставниците и менторите го подготвуваат театарско дело „Монденкиндер“ работено според текст од романот „Бескрајна приказна“ на Михаел Енде. Театарското дело ќе биде изведено на германски јазик.
Според најавите претставата „Монденкиндер“ ќе биде изведена во понеделник на 29-ти јуни 2015 година со почеток во 18 часот во црквата „Света Софија“ во Охрид.
OhridNews