Од 20 до 23 октомври во Вевчани ќе се одржи второто издание на Меѓународниот младински турнир „Ласкер Виа Игнација 2017“.

Организираторот на турнирот со меѓународен карактер е охридскиот шаховски клуб Ласкер со поддршка Шаховска Федерација на Македонија, Ресторан Виа Игнација Вевчани, Општина Вевчани и ООУ Страшо Пинџур Вевчани.

Учество на вториот турнир од ваков вид во регионов ќе земат најдобрите млади шахисти од Албанија, Србија и Бугарија.

OhridNews