Кошаркарскиот клуб АВ Охрид во соработка со Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ и Општина Охрид на 21 и 22 мај ќе организира меѓународен кошаркарски турнир за јуниори.
На турнирот покрај домаќинот Охрид ќе учествуваат скопските Работнички и МЗТ Скопје, српските екипи Црвена Ѕвезда и Партизан и Слобода од Тузла.
Турнирот ќе биде почеток на една традиција која долго ќе се негува во Охрид и официјално отворање на кошаркарската школа во охридскиот клуб кој од следната сезона ќе биде дел од елитата.
OhridNews