Клубот за боречки вештини „Кун-су-то“ и карате клубот „Чоле“ на 26 мај оваа година во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе организираат Меѓународен клупски турнир во карате во Охрид.
– Со цел подигнување на свеста на младите за правилен раст и развој, јакнење на спортскиот дух и промоција на Охрид ние како два два збратимени клубови одлучивме да организираме турнирот со меѓународен турнир во карате. Турнирот на кој работиме подолго време се наоѓа на официјалната листа во Карате федерација на Македонија со што добиваме сигурно дека ќе учествуваат најдобрите каратисти од нашата земја, а тоа ќе привлече многу учесници од нашите соседни земји. – соопштија за медиумите организаторите.
Тие најавуваат почеток на една нова и спортска карате традиција која Охрид ја заслужува.
OhridNews