Една од највредните и најубавите цркви од XIII век, црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид, која поради повеќе децениската негрижа има сериозни оштетувања на северниот ѕид во внатрешноста влезе во потесниот круг на светски значајни споменици на културата со можност да добие грант за заштита од меѓународната фондација World monuments watch со седиште во Њу Јорк.

Доколку се одобри проектот, ќе бидат добиени 217.000 американски долари од што 140.000 ќе бидат употребени за целосна заштита на фрескоживописот.

Црквата Св. Богородица Перивлепта е во конкуренција со уште 100 други вредни споменици на културата од целиот свет, а според Агенцијата за локална демократија која аплицирала до World monuments watch, шансите да се добијат бараните средства се големи, бидејќи 75% од апликантите добивале позитивен одговор.

За таа цел МПЦ, Управата за заштита на културното наследство и општина Охрид, ја потпомагаат Агенцијата за локална демократија со цел да се издејствува позитивен одговор од меѓународната фондација.


го поддржаа проектот, Кузман, г.Тимотеј, Петрески

„Доколку сега не се преземат мерки за заштита на фрескоживописот во Св. Богородица Перивлепта, постои опасност тој целосно да исчезне“, предупредува Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Според митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, оштетувањата на оваа црква во која некогаш била сместена библиотеката на древната Охридска архиепископија, се должи исклучиво на човековата негрижа.

Доколку биде одобрен проектот, неговата реализација ќе отпочне во 2008 година.

Г. Момироски