Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ на Градскиот стадион в недела ќе организира турнир во фудбал со меѓународен карактер на кој ќе учествуваат екипи од Охрид, Струга и соседна Албанија. Турнирот кој за прв ќе се одржи во Охрид е поддржан и финансиране од фондот за развој на југоисточна Европа.

– Ви го преставуваме првиот меѓународен турнир во фудбал организиран од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ поддржан и финансиран од фондот за развој на југоисточна Европа (SWG). Се одлучивме на турнирот да ги вклучиме најмладите, бидејќи тие се темел на нашата иднина. На турнирот ќе учествуваат Фудбалската школа Еврофудбал од Охрид, Фудбалската школа Крека од Струга и гостинот од албанскиот град Корча, Скендербеу. Овој турнир е голем чекор за нешто повеќе и помасовно во иднина, затоа мора да покажиме во најдобро светло и да го организираме на највисоко ниво. – изјави директорката на ЈП, „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

В сабота кога ќе пристигнат гостите од Албанија заедно со охридската и струшката екипа ќе го посетат Заливот на коските и знаменитостите на Охрид. Натпреварувачкиот дел ќе се одржи в недела на градскиот стадион „Билјанини Извори“.

Мх.П.