Фолклористи од Македонија, Босна и Херцеговина и Бугарија ќе бидат дел од Меѓународниот фестивал „Фолклорен Мост“ кој ќе започне утревечер со свечено дефиле низ струшката чаршија.

По дефилето, фестивалот ќе продолжи на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде што ќе настапат Танцовиот состав „Герговче Петрич“ од Бугарија; КУД „Модрачки Морнари“ од Шеричи, Босна и Херцеговина; „Rrezet E Strugës“ од Струга; Ансамбл за Фолклор „Гоце Делчев“ од Битола; КУД „Мирче Ацев“ од Тополчани, Прилеп; КУД „Извор“ од Јaгуновце; КУД „Илинден“ од Струга; Фолклорен ансамбл „Мислешево“ од Мислешево и КУД „Дримкол“ од Вевчани.

OhridNews