Во Македонија, како и низ светот, сексуалните работници се наоѓаат на  маргините од општеството пизложени на  предрасуди, дискриминација, и насилство. Навредите и омразата ги обременуваат нивните животи, доминираат во медиумските извештаи, и го насочуваат пристапот на институциите кон нив. Но, животот на сексуалните работници се состои од многу повеќе и продавањето сексуални услуги не го оправдува негирањето на основните човекови права, кои треба им бидат загарантирани на сите луѓе подеднакво.-велат од невладината НВО ХОПС-Охрид , која со низа активности денеска ќе се придружи во одбележување на Меѓународен ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

По тој провод ќе биде промовиран филмот “Треба да Знаеш за Мене”, приказна за искуствата и желбите на сексуалните работници на и вон улицата, раскажана од прва рака. Справувајќи се со малтретирањето и насилството од клиентите, макроата и полицијата, сексуалните работници се трудат да му се спротивстават на негативниот општествен став со тоа што гласно проговараат и се борат за своите основни права. Овој филм  повикува на нула толеранција за насилството против сексуалните работници, соодветна истрага и гонење на сторителите, и координиран одговор од институциите за вистинските потреби на сексуалните работници.

OhridNews