Со низа манифестации во Македонија денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, 15ти септември. Настаните што ќе се одржат во Скопје етово, Струга, Штип и Радовиш, ги организира Младински образовен форум, со поддршка од Амбасадата на САД во Македонија.

Преку интеракција, едукација и музика, присутните ќе можат да си ги проверат и надградат своите знаења за демократијата и нејзините принципи. На настанот ќе биде промовирана и брошурата „Обичен демократски ден на Слободан Љубопитковски“ посветена на демократијата, владеењето на правото и механизмите за остварување на демократските права.

Меѓународниот ден на демократијата претставува можност да се разгледа
статусот на демократијата во светот. Демократијата не е само цел, туку
процес, кој зависи од целосното учество и поддршка на индвидуите,
граѓанските организации, државите и меѓународната заедница.

„Одбележувајќи го овогодинешниот Меѓународен ден на демократијата, ајде да работиме да донесеме демократска едукација до сите, а особено до оние општества во транзиција на кои им е најмногу потребна.“ вели Бан Ки-Мун, Генерален секретар на ОН.

OhridNews