На 28 април на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи првиот Меѓународен митинг во атлетика кој ќе го носи името на Професорот Влатко Димитров кој ненадејно почина.

Турнирот во чест на Димитров кој животот му го посвети на атлетиката ќе се одржува секоја следна година во истиот период и ќе означува почеток на новата сезона во кралицата на спортовите.

На турнирот во Охрид учесниците во машка и женска конкуренција ќе можат да се натпреваруваа во 100 метри, 200м., 400м., 1 500м., 3000м. стиплчес. Во машка конкуренција ќе има натпреварување во копје, диск и скок во височина, додека во женска ѓуле, диск и скок во височина. Како меморијална дисциплина на турнирот ќе биде вметната скок во далечина.

OhridNews