Во издание на Поетска ноќ во Велестово и ПНВ публикации од печат излезе книгата „Меѓу две неба“, која ја подготви и предговорот го напиша Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата е настаната како резултат на рефлексиите на поетите кои биле учесници или посетители на манифестацијата  „Поетска ноќ во Велестово“ во изминатите 26 години. Содржани се инспиративни стихови како резултат на контактот на поетите со магичниот предел пред кој како огледало стои Охридското Езеро и магичното ѕвездено небо во августовските ноќи кога се одржува манифестацијата. Оттука и насловот „Меѓу две неба“.

Во книгата содржани се стихови од македонски и странски поети: Петре М. Андреевски, Матеја Матевски, Гане Тодоровски, Богомил Ѓузел, Михаил Ренџов, Ристо Јачев, Владимир Мартиновски, Ефтим Клетников, Братислав Ташковски, Глигор Стојковски, Кире Неделковски, Тоде Илиевски, Зоран Јакимоски и др., а од странските: Патрик Котер, Миљурко Вукадиновиќ, Роман Кисјов, Лука Бенаси,Татјана Даниљанц, Ерол Туфан, Винченцо Бјанки, Сим Кера, Марам Ал Масри, Жењко Миловиќ, Поли Муканова, Тања Бакиќ и др. Песните на поетите гости од странство објавени се двојазично.

Книгата илустрирана е со фотографии од архивата на „Поетска ноќ во Велестово“.

OhridNews