Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ апелира до институциите на системот да бидат внимателни кон децата жртви на сексуална злоупотреба. Оттаму предупредуваат дека овие деца поминуваат низ вистинска траума по обелоденување на случај на родосkвернавење бидејќи најчесто се оставени сами на себе или се ставени во комплицирана семејна ситуација. Голем проблем според „Меѓаши“ претстaвува и начинот на кој се водат судските постапки, кои според оваа невладина организација се дополнителна траума за детето жртва.

-Влегувањето на постапката кај надлежните институции ако е несоодветно и непрофесионално изведена или ако на пример детето пак се соочува со силувачот,  претставува повторување на насилството, само што во овој случај освен преживеаното сексуално насилство детето трпи психичко насилство и од самата институција, односно од поедини стручни лица вклучени во постапката, велат од „Меѓаши“.Да се биде сведок или жртва на злосторство, а потоа да се учествува во судската расправа е многу тешко искуство за возрасни луѓе, а уште потешко за децата, објаснуваат од „Меѓаши“.

Првата детска амбасада затоа бара од државата соодветна заштита на децата од сите облици на сексуално искористување и сексуално малтретирање, а Собранието да ја ратификува Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба чиј потписник е и Република Македонија.

Ohridnews