Актерката Меган Фокс на доделувањето на Златните Глобуси покажала дека веднаш се вратила во совршена форма по породувањето. Таа на церемонијата била со својот сопруг Брајан Остин Грин. Тие кон крајот на септември го добиле синот Ноа, а ова е прв настан на кој се појавиле заедно.
Ниту таа ниту сопругот не биле номинирани, но дошле да им дадат поддршка на своите колеги, а кога Меган се појавила, била главна мета на фоторепортерите. Таа неодамна признала дека најмиле ноќна дадилка која два пати во седмицата се грижи за детето како тие би одмориле.