Холивудската актерка Меган Фокс ќе глуми заедно со Саша Барон Коен во комедијата “Диктатор“, пренеле американските медиуми. Режисер на филмот ќе биде Лари Чарлс, кој ќе се фокусира на како што вели „херојската приказна за диктаторот кој го ризикувал животот за да се увери дека демократијата нема никогаш да дојде во земјата која тој со љубов ја угнетувал“.


Од студиото Парамаунт најавиле дека сценариото ќе се заснова на романот „Забиба и кралот Садам Хусеин“. Светската премиера на филмот е најавена за 11 мај 2012 година.