Актерката Меган Фокс истакнала дека глумата повеќе не ја чувствува како свој повик и дека со раѓањето на синот Ноа го остварила животниот сон. Таа рекла дека целиот свој живот сакала дете и дека сега конечно имала. Сакала да му подари и браќа и сестри и така да се усреќи и самата себе.
Осврнувајќи се кон љубовта и бракот со ѕвездата на серијата Беверли Хилс, Брајан Остин Грин, рекла дека верува како се сродни души, но тоа не значело дека не е потребен труд, бидејќи биле различни. Никогаш не се жалела на него бидејќи тој бил неверојатна личност.