Венчавката на Меган Фокс и Брајан Аустин Грин била затворена за јавноста. Тие судбоносното „Да“ го кажале во летовалиштето „Four Sesons“ на Хаваите и тоа само една седмица откако се свршиле. Тие се во врска од 2004 година.


Актерката била многу воодушевена и збунета од запросувањето, поради што го изгубила прстенот со дијамант од два карати. Веста за венчавката се проширила откако беше обелоденето дека Меган нема да игра во третото продолжение од филмот „Трансформери“.