Познатата холивудска актерка Меган Фокс изјавила дека никогаш повеќе нема да биде опуштена. Постојано се грижела дали се е во ред со нејзините синови, дали паднале, дали се удриле и дали нешто им треба. Актерката четири години е во брак со колегата Брајан Остин Грин.

Ги имаат синовите Ноа, кој има една и пол година и шестмесечниот Боди. Се одлучила да снима еден филм годишно бидејќи семејството и е поважно од работата. Не се грижи за критиките од сопругот кој вели дека претерува во грижата за синовите. Иако работи само по дваесеттина денови во годината, сепак заработува милиони.