Популарната американска актерка Меган Фокс се породила во четвртокот и на свет донела здраво машко дете, пренесуваат холивудските и светските медиуми.
Меган и нејзиниот сопруг, актерот Брајан Остин Грин, веќе го имаат малото синче Ноа, кое има 15 месеци. Актерот го има и синот Касиус од претходна врска. Сеуште не избрале име за новороденото момче.