Кога во септември минатата година станала мајка, актерката Меган Фокс рекла дека никогаш повеќе нема да позира во бикини, долна облека, или да се фотографира гола, но очигледно заборавила не ветувањето бидејќи на насловната страна на новиот број од списанието “Esuire” се фотографирала во крајно скреомна комбинација.
Заводливата актерка порачала дека сакала да покаже како сосема ја повратила фигурата, само четири месеци по раѓањето на синот Ноа, па позирала во долна облека. Без оглед на провокативните фотографии, таа истакнала дека е многу конзервативна, дека не пие, не пуши, води сметка за своето тело и не се однесува непримерно во јавноста бидејќи не сакала да ја изгуби контролата.