Актерката Меган Фокс и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин го очекуваат второто дете, соопштила портпаролката на актерката Леси Соан Зелник. таа за медиумите ја потврдила веста дека парот го очекува своето второ дете и дека обајцата биле многу среќни.
Фокс и Грин, кои се венчале во 2010 година, веќе се родители на деветмесечниот син Ноа. Бременоста на актерката е во рана фаза така да нема да влијае врз нејзината улога во филмот “Mutant Ninja Turtles”.