Меган Фокс синоќа во Лас Вегас го прошета трудничкиот стомак и покажа дека е во поодмината бременост. Ова ќе биде трето дете за актерката, но бидејќи минатата година се раздели од сопругот, а разводот е во тек, фановите веднаш почнаа да шпекулираат со името на таткото. Актерката синоќа на Синема Кон во Лас Вегас прошета во тесен и краток Версаче фустан и ги реши сите дилеми, дефинитивно е бремена.
Меган веќе има два сина, Ноа и Боди со Брајан Остин Грин, со кој моментално води бракоразводна парница. Тие двајца минатата година објавија дека дефинитивно се разделија, а во август поднесоа документи за развод. Сепак, останаа блиски пријатели и често се дружат. Во неколку наврати медиумите шпекулираа дека тие двајца би можеле да се смират бидејќи делуваат многу блиски, но се остана на ниво на трачеви. Но, стомакот на актерката сега фрла поинакво светло на нештата. Нејзиниот претставник за медиумите сеуште не се огласи, па на фановите им останува само да нагаѓаат кој е таткото.