Иако се зборуваше дека славниот пар на својот брак ќе му даде уште една шанса, актерката цврсто реши да стави точка на нивната љубов, и поднесе документи за развод од Брајан Остин Грин. Како што пренесуваат странските медиуми, Меган Фокс ги предаде документите за развод на бракот уште на 15 мај.

 

Причината за разводот не сакаат да ја откријат, но се шушка дека на Брајан му сметало тоа што неговата сопруга повеќе време минува снимајќи отколку со своето семејство. Сепак, без оглед на разводот, парот се раздели во добри односи. Меган и Брајат тврдат дека и понатаму ќе останат пријатели и ќе функционираат како семејство поради децата. Се венчаа во 2010 година на тајна церемонија на Хаваите. Имаат две деца, а Брајан има уште еден син од претходна врска.