Меган Фокс ја заменила ладната зима со топлиот Бразил, па февруарските денови ги минува на карневалот во Рио со сопругот Брајан Остин Грин. Згодната актерка не можела да остане незабележана со венецот од цвеќе на главата и во кратките пантолончиња кои ги откривале нејзините витки нозе.

Актерката и нејзиниот сопруг ги посматрале самба танчерите од ВИП ложата, цело време во нежна прегратка, па давале впечаток на вљубени сопружници, а покрај сето тоа одлично се забавувале. Меган од неодамна рекламира и едно бразилско пиво, па во посета на Рио пристигнала како би го рекламирала овој алкохолен пијалок.