Сексипилната актерка Меган Фокс признала дека лажела во изјавите за медиумите и дека пласирала лажни информации за да ја сокрие вистината за нејзиниот живот. Во списанието „Интервју“, за кое неодамна се фотографирала, објаснила зошто во последно време кажувала разни глупости.
Вели дека не сакала да дозволи луѓето да видат каква е навистина, и поради тоа пласирала лаги. Актерката во последно време ја прати лош имиџ, што резултирало со прекин на соработката со продуцентите на популарниот филм „Трансформери“.