Холивудскиот пар Меган Фокс и Брајат Остин Грин неодамна соопшти дека се разведува, а тоа по се изгледа најмногу ќе ја чини на славната актерка. Веќе на големо се зборува дека Меган ќе мора да плаќа алиментација на поранешниот сопруг поради неговата здравствена состојба.

Имено, сопружниците неодамна имаа сообраќајна несреќа кога на нив налета пијан возач, после што Брајан доби вртоглавица. Актерот често не е во состојба да стане од кревет, па Меган веројатно ќе мора да го издржува. Парот има две деца и засега сеуште живее под ист покрив, а актерката минатиот петок побара барање за развод на бракот.