Американската актерка и манекенка Меган Фокс е бремена. Според наводите на медиумите, убавицата и нејзиниот сопруг Брајан Остин Грин после две години брак ќе станат родители. Извор близок на парот изјавил дека веста за бременоста ги затекнала неспремни.
Додал дека биле многу возбудени, а бидејќи сеуште било многу рано веста ја поделиле само со најблиските. Во едно интервју, Меган Фокс неодамна изјавила дека сака да има две или три деца и додала дека има изразит мајчински инстикт.