Петтата рунда од Англиската премиер лига ќе ја одбележи мега дербито меѓу најуспешните тимови во Англија, Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Ѓаволите на “Олд Трафорд“ ќе го угостат Ливерпул.


Манчестер во воведните две кола на домашен терен со по 3-0 ги испрати Њу Касл и Вест Хем, два пати ремизираше на гостувањата против Фулам и Евертон. Ливерпул се уште нема погодок на гостувањата оваа сезона. Претрпе пораз 3-0 на стартот од Мен Сити, додека ремизираше 0-0 со Блекбурн.

Фергусон нема да може на смета на подолго повредените Фердинанд, Андерсон и Харгривс, додека кај Ливерпул во аут е Дирк Кајт.

Челси против Блекпул ќе има можност да ја продолжи победничката серија, додека Арсенал гостува кај Сандерленд.

Двојки
Стоук-Вест Хем, Астон Вила-Болтон, Блекбурн-Фулам, Евертон-Њукасл, Тотенхем-Вулверхемптон

ВБА-Бирмингем, Сандерленд-Арсенал.

Недела, 19 септември
Манчестер Јунајтед-Ливерпул, Виган-Манчестер Сити, Челзи-Блекпул.

OhridNews