Бранителот на трофејот МЗТ Скопје и Фени Индустри ја сочинуваат првата полуфинална двојка во Купот на Македонија.


Во дербито од 1/4 финалето во Купот, Фени Индустри го совлада Работнички со 93-89 и обезбеди дуел во полуфиналето со македонскиот првак МЗТ Скопје, кој лесно славаше во мечот со Струмица победувајќи со неверојатни 47 разлика (98-51).


За одбележување во првите 1/4 финалните натпревари е учинокот на кошаркарот на Фени Индустри, Бојан Трајковски, кој постигна 37 поени од кои пет тројки, а додаде и четири скока.

Втората полуфинална двојка во Купот на Македонија ќе се дознае по останатите дуели во 1/4 финалето меѓу Лирија – Куманово односно Кожув – Вардар.

Мх.П.
Фото : “Мкд.мк“