Осмото издание на „Охрид трчаТ“ го потврди имиџот на оваа исклучително успешна манифестација која е најголемиот спортски амбасадор на Охрид. Како ретко кој настан „Охрид трчаТ“ обединува генерации, спортисти, рекреативци, слични и различни, но и бизнис заедницата и градот во целост.
Атлетскиот викенд кој оваа година се одржа од 31 мај до 2 јуни беше и отворена арена од која се испратија силни пораки за ретките, лицата со посебни потреби, но и бездомните кучиња, заштита на животната средина, за поубав Охрид. Илјадници весели лица ја пренесоа позитивната енергија од „Охрид трчаТ“ низ целиот свет.
На „Охрид трчаТ“ оваа година учествуваа 2200 натпреварувачи од 31 држава. Победник на главната трка, полумаратонот на 21 километар, беше македонскиот репрезентативец и Олимпиец, Дарио Ивановски.
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска