Како се можеме да го користиме медот во секојдневната рутина за убавина?

Дали сте знаеле дека Клеопатра користела мед и млеко во негата на својата кожа за уште повеќе да ја истакне убавината? Имено, познатата заводничка била во право. Медот е вистинско течно злато бидејќи, покрај многубројните предности за нашето здравје, позитивно влијае и на кожата.Жените го користеле медот за нега на кожата со векови, бидејќи не содржи хемикалии и конзерванси, туку само природни состојки. Затоа и денес е незаобиколна состојка на многу козметички производи. Медот ја омекнува, храни и навлажнува кожата и има антибактериско влијание. Содржи витамини Б и Ц и бројни минерали и аминокиселни кои ја чуваат кожата од предвремено стареење.

Нега на кожата

Кога се зборува за нега на кожата, медот има многубројни благодети. Ја навлажнува и храни кожата и делува антибактериски.

Маска за лице: Eдна лажица мед да се нанесе на исчистено лице и да се остави да делува 20 минути. Да се измие со топла вода.

За акни: Со оглед дека има антимикробно и антибактериско влијание, медот е одличен сојузник во борбата против акните. Ги уништува бактериите и го смирува црвенилото и иритацијата на кожата. Нанесете малку мед врз акните или дамките од лицето и оставете да делува 15-тина минути. Потоа исплакнете.

Пилинг:Измешајте мед со сода бикарбона и ќе добиете одличен пилинг за отстранување на грубите и сувите делови од кожата. Нежно со кружни движења втријте ја мешавината
на лицето а потоа исплакнете со топла вода.

Чистење на порите: Медот содржи ензими кои се одлични за чистење на кожата и порите. Измешајте 2 лажици кокосово масло со 1 лажица мед и нанесете ја на чиста кожа, избегнувајќи го подрачјето околу очите. Оставете да делува неколку минути па измијте.

Витамин Ц: Уште една одлична маска за проблематична кожа е мешавината од лимон и мед. Едноставно исцедете го сокот од половина лимон и во него истопете една лажица мед. Нанесете ја маската на лицето и оставете да делува 5 до 10 минути, а потоа исплакнете. Лимонската киселина ги уништува бактериите, а медот ја храни кожата и ги смирува иритациите.

извор:zena.hr