Брзо…Точно…Проверено, е мотото на Агенцијата, која како што беше истакнато на промоцијата забрзано работи на формирање своја дописна мрежа, во земјата, Балканот и пошироко во светот.
Главен и одговорен уредник на Агенцијата е Веле Митаноски, кој се јавува и во како колумнист. Митаноски е еден од доајените на македонскиот журнализам, познат колумнист, со работно искуство во повеќе дневни весници и радио станици. Најдолго се задржа во агенциското новинарство Танјуг, Македонско прес биро, МИА. Бил пратеник и еден мандат директор на Агенцијата за информации на Република Македонија.
Веле Митаноски – „Инпрес„
– Промовираме нова интернет новинска aгенција „Инпрес“, која ќе се разликува од тоа што досега е видено, по тоа што оваа агенција ќе ги негува сите жанрови и ќе има своевидна регионална хроника, што значи покрај централната страна, ќе има посебни линкови за страници во најмалку 10 региони во земјата, истакна Митаноски.
Со отворањето на новата Агенција се збогатува медиумскиот простор во Македонија.