Славната актерка и модел Линзи Лохан изјавила дека медиумите од неа направиле целосно поинаква личност отколку што таа навистина е, и дека пред се, тоа негативно се одразило врз нејзината кариера.
“Трачевите по интернет порталите и жолтиот печат многу и наштетија на мојата кариера. Не сакам да се правдам за својот живот бидејќи некои работи ги живеам така како што јас сакам. Не би менувала ништо ни кога би можела“, изјавила Линдзи која во последно време по медиумите најмногу се спомнува поради својата анорексичност.
Актерката која е позната по бурниот ноќен живот, но и лезбејската врска со Ди Џејката Саманта Ронсон, додава и дека планира да се посвети повеќе на работата како фотомодел, бидејќи сака да се слика, а тоа е, како што вели, лесна работа.