Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Франк Рибери одлучи да стави крај на професионалната кариера, јави денеска Скај спорт.
Рибери (39) е член на Салернитана, а со италијанскиот клуб има договор до крајот на сезоната.
Скај Спорт објави дека Рибери одлучил да ја прекине кариерата поради проблеми со повредите и одлуката наскоро и официјално ќе ја објави.
Францускиот фудбалер сезонава поради проблеми со коленото одигра само 36 минути.
Рибери во кариерата настапуваше за Булоњ, Алес, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина и Салернитана.
Најголем печат остави во Баерн освојувајќи со клубот од Минхен вкупно 23 трофеи.
Во дресот на француската репрезентација што го носеше од 2006 до 2014 година одигра 81 натпревари и постигна 16 голови.