Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, ја разгледува можноста актуелниот француски фудбалски првак да го напушти „Паркот на принцовите“, оценувајќи оти клубот заслужува подобар стадион, објави спортскиот весник Л’Екип.
ПСЖ заслужува подобар стадион. Мојата прва опција беше да не се селиме. Меѓутоа градските власти во Париз нè туркаат да го направиме тоа. За модернизација на „Паркот на принцовите“ потрошивме 85 милиони евра, но тоа не е наш стадион, рече Ал Келаифи.
Првиот човек на ПСЖ изрази желба да го купи „Паркот на принцовите“, но како што самиот наведе, париските власти побарале многу висока цена.
Француските медиуми наведуваат дека ПСЖ најверојатно нема да гради, туку ќе купи друг стадион во Париз.
OhridNews