Понудата на Челзи да го донесе во своите редови Аргентинецот Енцо Фернандез во замена за тројца свои фудбалери како и дополнителни 90 милиони евра е одбиена од Бенфика, јавија португалските медиуми.

Според истите извори, преговорите меѓу Челзи и Бенфика пропаднале откако двата клуба не успеале да се договорат околу обесштетувањето за 21-годишниот Фернандез, кој минатиот месец со Аргентина ја освои светската титула, а беше прогласен за најдобар млад играч на Мундијалот во Катар.

Бенфика не сака да се ослободи од услугите на Фернандез за понуда пониска од 120 милиони евра, а Челзи, наводно, бил подготвен да плати 85 милиони евра.

Португалскиот весник „Рекорд“ наведе дека Бенфика ја одбила и последната понуда од Челзи која вклучувала 90 милиони евра, како и тројца свои фудбалери – Хаким Зијеш, Давид Фофана и Андреј Сантос, во замена за Фернандез.

OhridNews