Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави денеска дека Барселона за двете свои летни големи засилувања, Роберт Левандовски и Рафиња, потрошила речиси 300 милиони евра.

Весникот наведува дека Барселона за Левандовски му платила на Баерн Минхен 60 милиони евра, а полскиот голгетер, наводно, ќе има значително поголема годишна плата отколку што е официјално објавено.

„Ел Паис“ тврди дека каталонскиот клуб за два дена за обесштетување за двајцата фудбалери, бонуси и провизии за менаџерите потрошила 297 милиони евра, што е невообичаено за клуб кој беше на работ на банкрот.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој со екипата се наоѓа на подготовки во Мајами, изјави оти е задоволен од засилувањата во досегашниот дел од летниот трансфер рок, додавајќи оти планира да донесе уште неколку засилувања во екипата, пренесоа американските медиуми.

OhridNews