Кандидатката на Демократската партија на ноемвриските претседателски избори, Хилари Клинтон, на општото гласање добила поддршка од повеќе од 800 илјади лица кои не се државјани на САД и според тоа немале право да учествуваат во гласањето, пишува весникот The Washington Times наведувајќи го истражувањето кое го водел политикологот од универзитетот во сојузната држава Old Dominion, Џеси Ричман, кој со своите колеги спровел насочено истражување по ова прашање, пренесува „Макфакс“.
Авторите на статијата истакнуваат дека заклучокот на истражувачите претставува „поткрепа на аргументите“ на новиот претседател Доналд Трамп за лажирање и махинации на изборите, иако „ни оддалеку не соодветствуваат“ на квантитативните процени кои ги изнесе новиот челник на САД. Трамп претходно седмицава тврдеше дека имало дури до 5 милиони нелегални гласови и вети дека ќе спроведе истрага за овој проблем.
Вкупниот број лица кои живеат во САД без државјанство се проценува на околу 20 милиони луѓе. Врз основа на социолошките истражувања, спроведени од целиот конзорциум на универзитетот, Ричман тврди дека околу 6,4 отсто од тие лица гласале на изборите на 8-ми ноември 2016 година. Притоа, тој поаѓа од тоа дека огромното мнозинство од нелегалните гласови, или 81 отсто, биле дадени за Хилари Клинтон, што би значело дека за демократката гласеле повеќе од 834.000 лица.
Во текстот на The Washington Times се подвлекува дека тоа сигурно го подобрило вкупните гласови за Клинтон на национално ниво, а многу веројатно придонело да победи во една сојузна држава, од каде се добиваат ткн електорски гласови. Вкупно на национално ниво, Клинтон доби околу 2,9 милион гласови повеќе од Трамп. Ричман ја исклучува можноста дека сите овие „вишок“ гласови биле нелегални.
Во сложениот американски изборен систем вкупниот број на освоени гласови практично нема улога во прогласувањето на победниот. На општите избори кандидатите не се борат за гласовите на поединечните избирачи, туку за ткн електорски гласови којашто ги дава секоја сојузна држава одделно. Трамп победи во 30 држави од 50-те и собра 306 електорски гласови, а за победа се доволни 270.
Официјалните изборни резултати ги потврдија законодавните тела во сојузните држави и Конгресот. Телата задолжени за спроведување на изборите не известија за масовни нарушувања на изборниот процес. Со изјавата за наводниот фалсификат на изборите, Трамп не само што е во спротивност со оцените на сојузните држави, туку и со големото мнозинство претставници на двете парти кои изборите ги оценија како фер.
OhridNews
извор: „Макфакс“