Германските безбедносни служби имаат информации дека во земјата од ирачкиот град Мосул можно е да влегле четири потенцијални терористи, припадници на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава. Како што пишува весникот Билд, ваквите информации на германското разузнавање на 27-ми декември му ги предале австриските колеги. Информаторот на Австријците рекол дека исламистите во Германија пристигнале од територијата на Грција на почетокот од декември.
Весникот пишува дека на германските власти, исто така, им биле соопштени и идентитети на наводните терористи. Но од Федералната служба за кривични дела, рекле дека идентитетот на потенцијалните напаѓачи не е познат.
OhridNews
извор Макфакс