Медицинските сестри – техничари и акушерки од Општата болница во Охрид на свеченост што се одржа синоќа во х. Ривиера го промовираа здружението кое ќе се грижи за развојот, унапредување и афирмација на медицинскиот персонал.

Целта на формирање на Здружението е соодветно да се евидентира, забележи, оцени или критикува работата на медицинските сестри, како и подобрување на условите за развој и усовршување на  медицинскиот персонал. Со тоа ќе се придонесе за поквалитетни здравствени услуги и поголема грижа за болните што позитивно ќе се одрази на пошироката заедница, велат од  Здружение на медицински сестри-техничари и акушерки на Општата болница Охрид.


Медициснките сестри од Охрид го одбележаа формирањето на своето здружение

За претседател на Здружението избрана е Јулија Трпковска-медицинска сестра во очното одделение. Здружението на медицински сестри-техничари и акушерки на Општата болница најави дека наскоро ќе покрене иницијатива за локално здружување на медицинските сестри од другите здравствени установи во Охрид.

ohridnews
фото: Дигитал Фото Мики