Размена на мислења, искуства, идеи и презентирање на трудови од областа на здравството се главните цели на „IV-от Конгрес на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија со меѓународно учество“ кој ќе се одржува во Струга, од 1-ви до 4-ти октомври 2015 година.
-Преку пленарни предавања на Конгресот ќе земаат учество и гости предавачи-експерти од подрачјето на сестринската професија, кои ќе ги пренесат искуствата од нивната земја, а кои се во фокусот на интересот на медицинските сестри и акушерки на денешницата. Активен придонес на Конгресот ќе дадат и Секциите на ЗМСТАМ, кои ќе организираат симпозиуми, работилници со што имаат можност да ја покажат јачината и сплотеноста на сестринската професија во Македонија, пишува во најавата за конгресот.
Дел од темите за кои ќе се дискутира на овој научен собир се: Истражување во сестринството; Влијание на климатските промени врз здравјето; Систем за нега и покриеност на населението во заедницата; Здравствена нега и безбедност на пациентот; Правичност, етика и човекови права; Промоција на здравје и превенција на болести; Континуирана едукација на сестрите и акушерките; Сестринска и акушерска работна сила, работно место и имиџ; Историја на развој на сестрите и акушерките во РМ; Рана детекција на деца со пречки во развојот и уште неколку други теми.
OhridNews