– Организацијата на Медитеранските игри наликуваше на летна Олимпијада, а за нас учеството преставува големо искуство за понатаму. Во нашите категории се натпреваруваа боксери кои имаат медели од Олимпијадата во Лондон што говори за квалитетот и сериозноста на Медитеранските игри – рече Лескароски
Лескароски и Ристески, кој се апсолутни шампиони во Македонија претпрпеа елиминација уште на стартот додека стружанцот Жута стигна до бронзениот медал.
– Ние изгубивме во рамноправни борби со многу јаки противници, затоа Жута се избори да донесе медал за Македонија. Со соодветни припреми сите сме свесни дека би стигнале и подалеку на вакви натпреварувања. На квалитетните боксери во нашата земја им недостигаат големи натпреварувања бидејќи голем спортист се познава и станува на големи настани – смета Лескароски.
По Медитеранските игри во Мерсин и неуспешната мисија за Европското првенство во Минск, Белорусија во октомври пред охриѓаните е предизвикот наречен Светско првенство кое ќе се одржи во Казакстан.
– Од боксерската федерација од сега сме известени дека не е толку моќна да ни обезбеди средства за патување и припреми за учеството на мундијалот. Ние се надаваме дека градот или моќните фирми во градот Охрид ќе ни помогнат во финансискиот дел и ќе обезбедат минимални средства за учество на Светското првенство – заврши Лескароски.