Медицинскиот персонал од ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид изминатиов период учествуваше на повеќе интернационални и национални конгреси.
Докторите од „Св. Еразмо“ и психологот преку нивните презентации ја покажаа својата стручност и извондредност во работата. Нивните излагања служат како доказ за посветеноста на нашата болница кон благосостојбата на нашите пациенти. Тие продолжуваат да не инспирираат со нивната посветеност и професионализам, како одраз на високите стандарди кои секојдневно ги практикуваат, велат од Болницата.
Додаваат дека на Интернационалниот конгрес за приказ на случаи д-р. Ана Томевска одржа предавање за уникатниот медицински пат на пациент третиран во нашата болница, со наслов “Pericranial – Onlay cranioplasty technique following a decompressive hemicraniectomy”.
Д-р. Маја Божиновска-Смическа, специјалист невролог во болницата Св. Еразмо, презентираше труд на ESO SAP E conference 2024, на тема – “National accomplishments and obstacles in their implementation of the Stroke Action Plan in23”.
По повод 17 години од прогласувањето на светскиот ден на лицата со аутизам, психологот Марија Бојаџи Љатко одржа предавање на тема “Рана детекција и интервенција на аутистичен спектар на нарушувања”.
Медицинските сестри од одделот за анестезиологија и интензивно лекување присуствуваа на првиот едукативен Конгрес на МЗМСАРИН (Медицински сестри на анестезија, реанимација и интензивна нега), додаваат од болницата „Св. Еразмо“.
OhridNews