Центар за култура „Григор Прличев“
Од 08.02.2020 - 20:00 до 08.02.2020 - 21:30
„Медена земја“, документарниот филм номиниран за Оскар во две категории, повторно ќе се прикажува во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” на 8-ми февруари, со почеток во 20.00 часот.
Ова е прв пат во светската филмска историја документарен филм да добие две номинации во иста година за наградите на Академијата.
Филмот е во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска. Сниматели: Фејми Даут и Самир Љума. Продуцент и монтажер: Атанас Георгиев, музика: „Фолтин“. Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам, Љутвие Сам, Музафер Сам…
Цена на карта 100 денари.
OhridNews