Македонскиот документарец „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше на најпрестижниот американски фестивал Санденс. Прв пат во историјата на фестивалот еден филм победи во три категории и прогласен е за најдобар светски документарец, jавува „Телма“.
Филмот „Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главната идеја е да се прикажат припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа.
Премиерата на „Медена земја“ во Македонија се очекува во март.
OhridNews
извор: „Телма“