Брајан Дајкс (21) и Минди МекГи (24) ќе го поминат својот меден месец во затвор. Младиот пар се венчал минатата среда во капела во Тенеси, а неколку часа подоцна во истата капела провалил.
Човекот кој бил вработен во капелата го видел автомобилот на младиот брачен пар околу 1 часот наутро. Забележал дека вратата од капелата е отворена и сфатил дека некој има провалено. За тоа време парот веќе побегнал, а вработениот повикал полиција. Полицијата ги пронашла момчето и девојката кои кај себе имале поголема количина пари украдени од капелата. Моментално се уапсени и чекаат сослушување.