Новопечениот кралски брачен пар, принцот Вилијам и принцезата Кетрин веќе неколку дена уживаат во својот меден месец во едно луксузно изолирано летувалиште на Сејшелите. Парот на островот ќе мине десет дена, а целокупниот аранжман чинел околу половина милион евра, што најверојатно е една од најголмеите цифри која некој познат пар досега ја издвоил за свадбенот патување. Организацијата на медениот месец и била доверена на една агенција, чиј сопственик е германецот Фархад Влади, кој потврдил дека еден од островите кои ги нуди неговата агенција бил изнајмен од британскиот кралски пар.


Иако на британските медиуми им е позната точната локација на парот, одлучиле да ги почитуваат желбите на кралското семејство, па засега нема да откријат каде се сокрил младиот пар. Кејт и Вилијам до островот стигнале со хеликоптер, а биле сместени во една вила, каде им била гарантирана апсолутна приватност. По пристигнувањето на располагање имале персонал кој им бил на располагање 24 часа и кој во секој момент се грижел за сите потреби на клиентите.