Претставникот на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јуки Арата, објави за видот на материјалот од кој ќе бидат направени медали за спортистите.
Произведовме 5 000 медали кои се направени од рециклирана домашна електроника. Станува збор за паметни телефони, компјутери. Сè беше собрано и донесено кај нас од жителите на Токио. Подиумот, на кој ќе се одржи доделувањето на наградите, исто така е еколошки – тој е направен од рециклирана пластика, информира Арата.
На 8 јули стана познато за воведување вонредна состојба во Токио поради коронавирусот.
Летните олимписки игри во Јапонија ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
OhridNews