Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов потпиша указ за одликување на познатиот италијански композитор Енио Мориконе со медал за заслуги за Македонија.

Медалот му се доделува поради исклучителни резултати во неговото музичко творештво и заради учеството на годинашниот фестивал Охридско лето со што дава придонес во афирмацијата на Македонија во светот.


Медал за заслуги за Македонија за Мориконе

Медалот на Мориконе ќе му биде врачен денеска во претседателската вила „Билјана“ во Охрид.

Ohridnews